Најубавата манекенка искрено и отворено проговори за важната животна пресвртница: “Пиев толку многу што не можев да се контролирам…“ (фото/видео)

Една од најпознатите и најубави манекенки во светот, Бела Хадид оваа недела прослави пет месеци трезвеност со забава во Лас Вегас, пишува Page Six.

Бела Хадид

Денеска славам пет месеци без алкохол“, напишала 26-годишната манекенка во својата објава на социјалната мрежа Инстаграм објавувајќи видео на кое танцува во казино. Хадид ја затресе кадравата коса и уживаше во забавата со широка насмевка на лицето, а видеото го сподели и на социјалната мрежа ТикТок со натпис – „пет месеци без алкохол“.

Обожавателите ја преплавија со коментари на објавата на ТикТок за да ја прослават пресвртницата во животот на познатата манекенка.

Сите го игнорираат описот на објавата… Бела, толку многу луѓе гледаат на тебе и се горди што престана да пиеш“, гласи еден од коментарите под видеото објавено на ТикТок.

Хадид сподели и неколку фотографии и видеа кои го документираат нејзиното возбудливо патување во Лас Вегас, при што следбениците особено го обожаваат секси црвениот фустан во едно од видеата. На друга фотографија, таа пак позираше покрај автомат за игри на среќа во црна облека без градник.

Инаку, Хадид во јануари 2022 година откри дека престанала да пие алкохол шест месеци откако се чувствувала како да не може да се контролира самата себе.

Пиев многу. Го сакав алкохолот и дојде до точка кога дури и јас почнав, знаете, да откажувам навечер бидејќи чувствував дека нема да можам да се контролирам“, изјави тогаш таа за американските таблоиди.

Бела Хадид

Хадид ја изрази својата желба да остане трезна во догледна иднина бидејќи откри дека избегнувањето алкохол е подобро за нејзиното ментално здравје.

Веќе не чувствувам потреба да пијам бидејќи знам како ќе влијае на мене во три часот наутро кога ќе се разбудам со страшна вознемиреност размислувајќи само за една работа“, додала таа. 

Хадид престанала да пие и поради нејзиното физичко здравје, објаснувајќи дека нејзиниот доктор и покажал видео-снимки кои ги откриле негативните ефекти од пиењето врз мозокот.