НАЈУБАВАТА ХОЛИВУДСКА ЖЕНА ЈА ИМА ФИГУРАТА Благодарение на ОВАА ВЕЖБА: Еве како го добила телото за кое сонуваат сите дами!

Лори Харви, американски модел и ќерка на познатиот комичар Стив Харви, важи за една од најжешките жени во шоубиз индустријата, а глетката на нејзиното тело, целосно природна фигура е навистина импресивно. 

Оваа 26-годишна девојка е неверојатно градена, а своето совршено тело обожава да го истакнува во провокативните изданија и креации. Таа привлече особено внимание на Мет Гала минатата година кога гордо ги покажа затегнатите стомачни мускули во секси црн фустан со шлиц.

Интересно е што веднаш пред тоа Лори имаше неколку килограми вишок; како што и самата призна, во почетната фаза од врската со поранешното момче Мајкл Б. Џордан се здебелила околу седум килограми.

– Кога се венчавме со Мајк, се здебелив околу седум килограми и беше страшно. Не можев да облечам ништо, едноставно не се чувствував добро – им изјавила на новинарите, а потоа открила што е тоа што и помогнало да ја прилагоди линијата и фигурата.

– Тоа е пилатес. Пилатесот ми го промени животот – коментира таа.

– Во текот на изминатата година постојано тренирав пилатес. Го правев тоа пред неколку години, но минатата година бев многу конзистентна – рече таа и додаде дека одела во теретана пет-шест пати неделно додека била во процес на слабеење.

Таа беше толку екстремна што понекогаш тренираше два пати на ден, често инсистирајќи на кардио после пилатес. Кардио тренингот се состоеше од интервален тренинг и вклучуваше спринт, планинарење и трчање по скали.

Оваа инфлуенсерка подоцна на социјалните мрежи истакнала дека не била на класична диета, туку се фокусирала на тоа да јаде претежно месо и зеленчук, а внесот на јаглехидрати да го сведе на минимум.

Таа, исто така, се трудела постојано да биде во калориски дефицит и консумирала „не повеќе од 1.200 калории дневно“. Овој исклучително ригорозен начин на исхрана во комбинација со нејзината физичка активност ја доведоа до каде што е денес – на листата на најубави жени во светот.

– Нема да ослабете само со пилатес. Но, тоа ќе ви даде долги, убави мускули“, додаде таа.

Додека некои и честитаа на Лори за нејзината искреност и упорност, и нејзините неверојатни резултати, многумина ја предупредија дека таа може да поставува погрешен пример за младите луѓе и всушност да промовира екстремна, нездрава култура за слабеење.

– Пред да почнете да го правите истото што го правев јас, не заборавајте дека ова функционираше за мене и моето тело. Но, секое тело е различно, па мора да прилагодите сè на вашите потреби и цели – напиша таа по бројните критики.

Советите за слабеење на славните може да бидат инспиративни или забавни, но имајте на ум дека е далеку подобро да ги следите советите на експертите и вашите сопствени аспирации и барања на телото.