НАЈУБАВАТА ЈУГОСЛОВЕНСКА МИС СКАПО ЈА ЧИНЕЛА ЕДНА ГРЕШКА: Заработувала 3.000 долари дневно а потоа … Вака живее денес (ФОТО)

Некогаш Бернарда Маровт на неколку анкети беше прогласена за најубава девојка која некогаш ја имала Југославија. Таа беше на пат да стане Мис на светот, кога се дозна за скандалот што ја чинеше титула.

Во 1982 година Бернарда беше избрана за Мис на Југославија во Загреб , а кога пристигна во Лондон беше дискредитирана поради разголените фотографии објавени во „Start“ .

Насловната страна на „Start“ објавена истата година, продадена е во 350.000 примероци. Во тоа издание беа објавени нејзините слики на кои се гледаат нејзините голи гради . Поради ова таа се откажа од трката за Мис на светот.

Прогласена е за топ модел на Италија и топ модел на Европа , а на врвот на кариерата заработувала по 3.000 долари дневно .

Денес има 58 години, а се уште работи како модел и снима реклами. Таа долги години организира меѓународен натпревар за фотомодел во Словенија, а отвори и училиште за моделирање за млади. Често учествува во организација на модни ревии и настани. Живее меѓу Словенија и Италија, а има модна агенција во Милано.