Најубавите празнични посни кифлички со ореви: Тестото е неверојатно меко, се топи во уста и останува свежо со денови (фото)
Пенести посни кифлички со ореви се едни од најубавите што сте ги пробале! Имено, тестото е неверојатно меко, многу се лесни за подготовка и се топат во устата, а оревите им даваат посебен вкус.
Состојки:
- 300-400 гр брашно
- 200 мл млака вода
- 100 гр маргарин
- 1 лажичка шеќер
- малку сол
- коцка квасец
- 200 гр мелени ореви
- шеќер по желба за мешање со јаткастите плодови
- 1 лажица масло
ПОДГОТОВКА
Растворете го квасецот во малку млака вода со една лажичка шеќер, а потоа измешајте го со маслото, брашното, солта и остатокот од претходно измешаната вода. Замесете помеко тесто. Оставете да одмори 15 минути, па развлечете тенко и премачкајте со омекнат маргарин. Завиткајте го во ролат и оставете го да отстои уште 15 минути.
Повторно расукајте, малку премачкајте со маргарин и виткајте како книга. Расукајте го тестото до дебелина од половина сантиметар, повторно малку размачкајте го и пресечете го на половина, па исечете го на триаголници.
Заќерете ги оревите (во филот можете да додадете и едно рендано јаболко и малку цимет), па во секој триаголник ставете по една лажичка од филот. Виткајте ги кифличките, наредете ги во плех обложен со хартија за печење, па оставете ги да одморат 10-15 минути. Секој ролат премачкајте го со остатокот од растопениот маргарин и печете на 200 степени 20 минути.
Додека се уште топли, по желба се валкаат во шеќер во прав, но и без него се многу вкусни.