На Албанецот го застрелаа во глава! Сè започнало како расправија во сообраќајот, а потоа го ликвидирал полицаецот пред очите на својата мајка
А.М.(23), кој е осомничен дека вчера во село кај Фјер по расправија во сообраќајот ладнокрвно застрелал во глава припадник на специјалните единици на албанската полиција, убиството го извршил пред очите на неговата мајка.
Според пишувањата на медиумите, мајката на осомничениот за убиството седела во неговиот автомобил во моментот кога А.М. пукал во Новруз Ченали (28).
Сè се случило напладне на раскрсницата. Ченали отишол од дома на работа во униформа, а потоа на излезот од селото се скарал со А.М за тоа кој има првенство на минување во сообраќајот.
Исчезна во непознат правец
По злосторството А.М се вратил во своето сино „ауди“ и возел неколку километри понатаму до куќата на својот вујко. Таму го паркирал возилото, а истиот исчезнал во непознат правец. Се посомневало дека пеш почнал да бега низ нивата.
„Осомничениот бил со својата мајка за време на злосторството. По пукањето, камерите го снимиле како со мајка си оди со автомобил до куќата на неговиот вујко, која е на околу 4 километри од кобната раскрсница. Таму го оставил автомобилот,“ изјави извор од истрагата за Вокс.
Полицијата од вчера напладне ги блокира патиштата околу селото Сулај каде се случи убиството, а во потрагата по осомничениот се вклучени и дронови.
Полицијата понуди награда од 30.000 евра за секој што може да даде корисни информации за локацијата на А.М.
Како што претходно објавија медиумите, А.М. веќе и’ бил познат на полицијата, најмногу поради кривични дела извршени од членови на неговото потесно семејство.
Неговиот татко бил уапсен во 1998 година за убиство на својот девер, а неговиот брат А.М. бил уапсен за обид за убиство.