На Американката со македонско потекло ја удрија со телефон по око: Покажувала двоглав орел за време на настапот (фото/видео)

Пејачката Bebe Rexha (Биби Рекса) синоќа одржа концерт во Њујорк, по што заврши во итната медицинска помош и доби три отоци на главата.

За време на концертот некој ја удрил со телефон во глава.

Инцидентот се случил на турнеја наречена „Најдобрата ноќ во мојот живот“.

Додека се движела, таа гестикулирала двиглав орел со рацете, симболот на Голема Албанија, пред да ја удри телефонот и да ја собори на подот, иако не е познато дали нападот има врска со симболот кој го правела со рацете.

Њујоршките власти потврдија за „Дејли мејл“ дека Николас Малванија (27) од Њу Џерси е уапсен и обвинет за нападот врз пејачката Биби Рекса на 18 јуни на концертното место Пјер 17 во Менхетен, Њујорк и причината за нападот сè уште не е утврденa.

Портпаролот на полицијата изјави дека со прелиминарна истрага на местото на настанот било откриено дека 27-годишен маж на сцената намерно фрлил мобилен телефон кон 33-годишна пејачка со македонско потекло, удирајќи ја директно во лицето.

– Мажот е уапсен на лице место и пренесен во станица. Жената е префрлена во локална болница од Итна помош, и’ била укажана помош и сега е во стабилна состојба – соопшти полицијата.