Ретка и вознемирувачка изјава доаѓа од д-р Рони Џексон, поранешниот лекар од Белата куќа, кој во ексклузивно интервју за „Вашингтон фри бикон“ рече дека на поранешниот американски претседател Џо Бајден му остануваат само 12 до 18 месеци живот.
„Иако ова не е моја област на експертиза, се консултирав со многу уролози откако се објави веста и сите дојдоа до истиот заклучок“, рече д-р Џексон.
Тој нагласи дека врз основа на информациите што ги има и анализите на лекарите специјалисти, животните перспективи на 82-годишникот се ограничени во овој временски период.

Сепак, д-р Џексон не ја изгубил надежта „дека третманот ќе биде ефикасен и дека претседателот Бајден ќе живее многу подолго од сегашните проекции“.
Тој ја истакна важноста на напредните третмани и интензивната медицинска нега што поранешниот американски лидер моментално ја добива.
Оваа изјава доаѓа во критичен момент, бидејќи јавноста и политичката заедница внимателно го следат здравјето на најстариот претседател во американската историја.
Иако Белата куќа не коментираше директно за оваа изјава, медиумите продолжуваат да бараат дополнителни информации за здравствената состојба на Бајден