Цариниците на граничниот премин Блаце заплениле 504 кутии во кои имало 126 килограми тутун за наргиле во вредност од 971.772 денари.
Царинската управа информира дека тутун за наргиле е откриен при преглед на возило со македонски регистарски таблички.
„Патникот кој инсистирал да помине побрзо, поради сомнително однесување, бил избран за детална проверка, при што биле пронајдени 504 кутии од 250 грама тутун за наргиле со вкупна тежина од 126 килограми. Со тоа е спречен обидот за пуштање во промет акцизна стока за која е избегната наплата на давачки во износ од 81261 денари.
„Случајот е предаден за понатамошна постапка во Секторот за контрола и истраги каде против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело акцизно затајување казниво по Кривичниот законик“, велат од Царинската управа.