На “Богородица“ за излез од државата се чека околу 40 минути – АМСМ со информации за состојбите на граничните премини
Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути.
Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.