Војната во Газа создаде околу 37 милиони тони отпад, од кои повеќето неексплодирани бомби, за кои може да биде потребно повеќе од една деценија да се отстранат, објави висок претставник на ОН.
Познато е дека во Газа во просек на еден квадратен метар има по 300 килограми урнатини.
„Врз основа на моменталната количина отпад во Газа, со 100 камиони ни требаат 14 години работа. Како што војната продолжува, ќе биде невозможно да се процени колку време ќе биде потребно за да се расчисти“, рече Пер Лодамар, поранешен шеф на Службата за деминирање на Обединетите нации за Ирак.
Расчистувањето на урнатините, наводно, ќе биде бавна и опасна работа поради заканата од закопани гранати, ракети и друго оружје.
Тоа е затоа што во просек околу 10 отсто од оружјето не експлодирале, пишува Гардијан ,
Досега, напорите на Западот да се запре војната беа игнорирани од Израел, кој се заканува со офанзива во Рафах.
Рафах е дом на повеќе од половина од населението во Газа и е главната влезна точка за хуманитарна помош. Се вели дека нападот таму има „катастрофални ефекти“ не само врз Палестинците, туку и врз регионалниот мир и безбедност.
Инаку, Израел ја започна војната во Газа како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.
Иако има зголемен меѓународен притисок за договор меѓу Хамас и Израел, војната продолжува и бројот на загинати расте.
Неодамна американските трупи почнаа со изградба на пловечка база со цел да се забрза испораката на помош на палестинските територии.