НА ГАФОВИТЕ ИМ НЕМА КРАЈ – Обожавателите повторно ‘плукаат’ кон Ким Кардашијан поради претераното фотошопирање: “Каде ти е прстот !?“ (фото)

Ријалити-ѕвездата Ким Кардашијан е повторно осудена од обожавателите поради претерано уредување на нејзиното последно објавено селфи, откако неколку обожаватели забележале дека нејзиниот среден прст буквално го нема на фотографијата, пишува магазинот Page Six.

Пробувам костим за капење и се молам никогаш повеќе да не врне дожд во Лос Анџелес“, напишала 42-годишната ријалити ѕвезда во описот на фотографијата каде носи бикини од сопствениот бренд Skims

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ ФОТОГРАФИЈАТА.

Додека многу обожаватели истакнаа дека мајката на четири деца изгледа добро, други заклучија дека фотографијата е „лошо фотошопирана“.

Чекај, каде ти е средниот прст ?“, прашал еден од обожавателите во коментар под објавата на социјалната мрежа Инстаграм.

Зошто оваа фотографија е толку многу монтирана ?“, прашал друг следбеник, посочувајќи го претераното фотошопирање на фотографиите на популарната Ким, додека еден од следбениците напишал дека – „искрено се надевам дека Ким разбира колку навистина се монтирани нејзините фотографии“.

Во нејзина одбрана во коментарите излегоа неколку обожаватели на Ким, објаснувајќи дека нејзините прсти можеби се искривени затоа што го држи телефонот на задната страна.

Инаку, на семејството Кардашијан не им се непознати лошите фотомонтажи. Можеби најозлогласениот гаф се случи кога таа го вметна лицето на ќерката на нејзината сестра КлоеТру, на телото на ќерката на КајлиСторми, на фотографија од патување во Дизниленд.

Ким подоцна ја призна грешката на социјалните мрежи откако еден корисник на социјалната мрежа ТикТок ја разоткри, објаснувајќи дека „не сакала да ја уништи“ нејзината естетика на социјалната мрежа Инстаграм.