На денешен ден (24 март) пред 26 години, во вечерните часови, почна НАТО бомбардирањето на тогашна СР Југославија. Акцијата беше преземена без одобрување од Советот за безбедност при Обединетите Нации (ОН).
Според податоци на министерството за одбрана на Србија, за време на 78-дневната воздушна кампања на Алијансата се убиени 1.031 припадник на војската и полицијата, животот го загубија околу 2.500 цивили, меѓу кои 89 деца.
Повредени беа околу 6.000 цивили од кои 2.700 деца, како и 5.173 припадници на војската и полицијата, а 25 лица сè уште се водат како исчезнати.
Алијансата го започна бомбардирањето од бродови во Јадранот и од четири воздухопловни бази во Италија. За време на 78-дневната кампања беа извршени 2.300 воздушни удари и фрлени 22.000 тони проектили, меѓу кои 37.000 забранети касетни бомби.