Жителите на еден од најголемите градови на далечниот север во Канада добија наредба да се евакуираат поради големи шумски пожари што се закана за градот.
Кризата во градот Јелоунајф е најновото поглавје од големите шумски пожари во Канада, бидејќи пламените јазици брзо се проширија низ целата земја, принудувајќи десетици илјади луѓе да се евакуираат и унипштија големи површини земја, јавија канадски медиуми.
Повеќе од 1.000 шумски пожари моментално се активни низ државата, вклучително и околу 230 во северозападните територии, по многу жешко и деструктивно лето во поголемиот дел од северната хемисфера.
„За жал, ситуацијата со шумските пожари тргна на полошо, бидејќи пожарот што гори западно од Јелоунајф сега претставува вистинска закана за градот“, изјкави на прес-конференција Шејн Томпсон, министер за животна средина на северозападните територии, .
Тој им нареди на речиси 20.000 жители на градот да го напуштат градот до петок напладне. Има само еден автопат отворен кон југ. Се организираа и комерцијални и воени летови.
Премиерот Џастин Трудо објави на „X“, платформата порано позната како Твитер, дека Отава „ќе помогне колку може“.