На интернет кружат видеа од израелски инструктори во Украина: Мораа да се збогуваат со војниците штом започна војната на Блискиот Исток (ВИДЕО)
На војниците претходно им било кажано дека обуката ќе заврши бидејќи инструкторите морале да се вратат во Израел
На социјалните мрежи почнаа да кружат видеа од израелски инструктори кои се збогуваат со украинскиот персонал што претходно го обучуваа.
На војниците претходно им беше кажано дека обуката ќе заврши бидејќи инструкторите мораа да се вратат во Израел за да се борат против Палестинците како дел од нивната војска .
– Добра работа, одлична работа. Останува уште многу да се направи. Но, моите браќа се подготвени за тоа, нели? Слава на Украина – се слуша како вели еден од инструкторите, додека Украинец му ги преведува зборовите.
Покрај тоа што ќе останат без странски инструктори од Израел, Украинците сега стравуваат дека ќе останат и без воена помош од САД и други земји и дека таа сега ќе биде пренасочена кон Израелците, додека официјален Вашингтон тврди дека војната во Блискиот исток нема да ја ослабне поддршката за Киев.
Борбите на Блискиот Исток започнаа во саботата, 7 октомври, кога милитантите на Хамас ја нападнаа израелската територија и започнаа голем напад на неколку локации, што го налути Израел, кој почна неселективно да го гаѓа градот Газа во Појасот Газа, при што до денес повеќе загинаа повеќе од 2.200 Палестинци и странски државјани кои беа земени таму како заложници.
Два дена по објавувањето војна на Хамас, Израел започна целосна опсада на Појасот Газа , прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија, гориво, вода и храна за Палестинците во областа.