На интернет се шири бизарна теорија на заговор: „Видеото на Кејт е лажно, погледнете ја сенката на клупата“ (видео)

На Јутјуб се појави бизарно видео во кое се тврди дека видеото на кое Кејт Мидлтон зборува за своето здравје „има многу сомнителни работи“ кои наведоа некои да заклучат дека видеото е потенцијално лажно.

Имено, во видеото ги анализирале сите детали, од растојанието помеѓу штиците на клупата, до заглавувањето на Кејт и одразот што го остава на лакираниот потпирач за грб.

Принцезата од Велс во петокот излезе во јавност и проговори за своето здравје за да ја смири „бурата“ што се подготвува. За нејзината здравствена состојба имаше различни шпекулации, а веста дека има рак го шокираше целиот свет.

„Најбизарниот детал“ што е забележан е прстенот на нејзината рака кој наводно „исчезнува“, а потоа „повторно се појавува“ на видеото.

Друга наводна „нелогичност“ е сенката што наводно ја фрлале на клупата црните пруги на нејзиниот џемпер.

Иако побарала разбирање и се трудела да ги спречи разните приказни и шпекулации, се чини дека не успеала, бидејќи на интернет почнале да кружат уште побизарни работи.

На крајот од видеото дури ја споредуваат со покојната принцеза Дијана…

Членот на Би-Би-Си, кој ја сними видео пораката на Кејт Мидлтон во која ја објавува нејзината дијагноза за рак, се отвори за деталите околу најавите и шпекулациите дека снимката е лажна.

Потсетете се дека пораката на принцезата од Велс беше емитувана во петокот пред вестите во шест часот, во која таа откри дека и’ е дијагностициран рак и дека е подложена на хемотерапија по голема операција на абдоменот – иако се воздржуваше да каже за каков вид на рак станува збор.