Астролозите издвоија неколку хороскопски знаци на кои никако не смеете да им кажувате тајна бидејќи ќе ја кажат свесно или несвесно.
Рајан Маркарт, астролог и основач на страницата Ryan’s Astrology, рече дека Вагите сакаат да одржуваат социјални врски со секого, но им е тешко да балансираат сè што ќе научат. Сакаат да бидат во тек со се, а тоа понекогаш значи дека ќе кажат да пренесат некоја тајна. Можеби мислат дека помагаат споделувајќи работи со другите, но мора да научат да не го прават тоа ако сакаат да ги задржат своите пријатели.
Колку и да изгледаат софистицирано, Девиците им судат на сите околу нив. Ќе ги искористат сите приватни информации против вас и ќе направат да се чувствувате лошо за себе, тврди астрологот Стина Гарбис. Кажуваат тајни затоа што сакаат да бидат тие што ќе ја започнат драмата.
Лавот е поттикнат од нивната потреба за внимание, а нивното его ги спречува да чуваат тајна. Сакаат драма и озборувања бидејќи се забавни. Кога на Лавовите ќе им се даде можност да се покажат, тие ќе направат се за да биде интересно, па дури и да откријат нечија тајна.
Гарбис советува да се биде внимателен кога на Овен му кажува нешто доверливо. Ќе го користат кога бараат нешто што сакаат. Претежно се лојални пријатели, но од бес ќе откриваат тајни.
Стрелците не сакаат ништо повеќе од слободно изразување. Кога треба да чуваат тајна, понекогаш се чувствуваат како тоа да е ограничување или пречка, вели Маркарт. Ќе те слушаат и ќе ветат дека нема да кажат никому, а потоа се ќе ѝ откријат на следната личност што ќе ја сретнат.
Ако на Близнаците им кажете тајна, бидете сигурни дека утре тоа ќе стане најголемиот трач. Со оглед на тоа дека се исклучително комуникативни, често се случува да кажат нешто што не треба.