На кралот Чарлс му претстои тешка година: Се врати на должност, но неговата битка со ракот сè уште не е завршена (фото)
Бакингемската палата во февруари објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак и дека започнува со лекување.
Лекувањето на кралот Чарлс, кому на почетокот на оваа година му беше дијагностициран рак, ќе продолжи во 2025 година, пренесува SkyNews.
Извори од Бакингемската палата изјавија дека третманот на кралот Чарлс „се движи во позитивна насока“ и дека „како контролирана состојба, циклусот на лекување ќе продолжи и во следната година“. Изворите додаваат дека постои оптимизам, а тоа се гледа и од желбата на кралот Чарлс да продолжи со бројните јавни обврски, вклучувајќи ги и оние за време на празниците.
Бакингемската палата во февруари објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак и дека започнува со лекување. На самиот почеток, кралот донел одлука отворено да зборува за својата дијагноза и искуство, верувајќи дека тоа може да им помогне на другите кои страдаат од оваа тешка болест.
Третманот трае долго време
Сепак, до ден денес не се знае точно од кој рак боледува, а тоа наводно се крие за да не се намали вниманието на други видови на рак и болести. Исто така, не се открива на каков третман се подложил кралот, но се знае дека тој редовно одел кај приватни лекари во Лондон.
Дама Лора Ли, извршен директор на добротворната организација за рак Меги – чиј покровител е кралицата Камила – рече дека е многу вообичаено лекувањето да трае многу долго.
„Како и третманот низ кој помина принцезата од Велс, кој е интензивен период на лекување една година, а потоа доаѓа до точка каде што е готово, и таа сега закрепнува од некои ефекти од нејзиниот третман. Имунотерапија, хемотерапија, хирургија, хормонска терапија Постојат различни видови на третмани и затоа воопшто не е изненадувачки“, рече Ли.