НА МАНЧЕСТЕР СИТИ МУ СЕ ЗАКАНУВА ГОЛЕМА КАЗНА ? Фудбалската асоцијација на Англија ги обвини фудбалерите за недолично однесување
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го обвини Манчестер Сити дека не го контролира однесувањето на своите играчи на натпреварот против Тотенхем во Премиер Лигата.
Манчестер Сити во неделата ремизираше 3:3 против Тотенхем и тоа беше трет натпревар по ред кој го заврши со нерешено, по што падна на третото место на табелата.
Фудбалерите на Манчестер Сити го опколија судијата Сајмон Хупер кога тој им досуди слободен удар во судиското надополнување, откако нивниот соиграч Џек Грилиш се чинеше дека е во добра позиција кон противничкиот гол. Сајмон Хупер прво мавташе за предност и играта да продолжи, но ја прекина играта при додавање на топката.
Во соопштението на ФА се вели дека актуелните шампиони не успеале да се погрижат нивните играчи да не се однесуваат на несоодветен начин.
Клубот од Манчестер има рок до 7. декември да поднесе жалба.
Напаѓачот наМанчестер Сити, Ерлинг Халанд е еден од играчите кои протестираа до судијата, а по натпреварот на социјалната мрежа Х (Твитер) објави видео од ситуацијата со навредливиот коментар на сленг: „Wtf“.
Манчестер Сити има 30 бода, три помалку од првопласираниот Арсенал и еден бод помалку од Ливерпул.