На Меси му претстои меч на -15 степени Целзиусови, може да го пропушти од страв

Во вторник вечер Интер Мајами на студено време ќе се соочи со Канзас Сити. Со оглед на тоа што се очекува температурите да паднат под -15 степени Целзиусови, Лионел Меси наводно одбива да игра на натпреварот.

Станува збор за натпревар во осминафиналето на Лигата на шампионите во Конкакаф, а новинарот Франко Панизо во подкастот на MiaTotalFootball објави дека Меси му рекол на раководството дека не сака да игра на толку екстремен студ.

Се очекува живата да се спушти на околу -15 степени Целзиусови во текот на мечот, а најавени се и снежни врнежи што воопшто не му се допаѓаат на Меси, но сè уште не е потврдено дека нема да игра.

Соочен со овие поларни услови, аргентинскиот ас не сака да ризикува да се повреди пред почетокот на МЛС шампионатот оваа сабота, кога Интер на домашен терен игра против Њујорк на 22 февруари.

Натпреварот против Канзас Сити е првиот официјален натпревар на Интер сезонава, а последниот официјален натпревар тимот од Флорида го одигра во 1. коло од плеј-офот за МЛС против Атланта Јунајтед на 10 ноември.