На Меси му се случи истото што му се случи на Роналдо во Зеница: Навивачите масовно влетаа на теренот поради Лионел (ВИДЕО)
Лионел Меси повторно е во центарот на вниманието.
Во победата на Аргентина во квалификациите за Светското првенство во Перу, Меси ги постигна единствените два гола на натпреварот.
Интересно е што најдобриот аргентински фудбалер ја доживеа истата судбина како Кристијано Роналдо на мечот против Босна и Херцеговина во Зеница.
Тогаш навивачите на Босна влетаа на теренот на стадионот „Билино Поље“ за да се сликаат со Роналдо, а истото му се случи и на Меси, само во многу поголем број.
Прво, едно момче втрча и се упати кон Месијата. Тој успеа да ги избегне редарите и да стигне до познатиот фудбалер. И тогаш започна лудилото.
Навивачите од неколку страни ги прескокнаа оградите и се упатија кон теренот, поточно кон Меси.
Погледнете како изгледаше тоа.