,,На место да снима, можеше да ја спаси”: Потресни зборови на мајката на девојчето кое се удави во Италија

Во неделата од надојдената река Надижа кај Удине во Италија беа извлечени телата на две девојчиња од Балканот, кои во петокот ги однесе поројот. Потрагата по младиот човек трае веќе четврти ден, а италијанските медиуми ги пренесоа шокантните зборови на мајката на една од жртвите.

Мајката на Патриша Кормос (20), чие тело беше пронајдено на околу километар од местото каде последен пат беше видена како се гушка со својата пријателка Бјанка и Кристијан, е неутешна по смртта на нејзината ќерка.

Таа им се обрати и на луѓето кои ја гледаа драматичната сцена од мостот и на пријателите кои се гушкаа, чие видео го расплака регионот.

,,Наместо да снимаат, можеле да ја спасат“, изјавила мајката со скршено срце.

Таа истакна дека нејзината ќерка неколку пати повикала помош.

Ги оставила името, адресата и им рекла: ,,Јавете и’ се на мама“, рекла неутешната мајка.

„Најмногу ме боли што сите ги сликаа и снимаа и никој не ги спаси.”

Таа беше ангел

За првпат по петочната драма, мајката на Патриша излезе со соопштение.

,,Таа беше ангел, учеше и работеше. По испитот на факултет во петокот наутро ми кажа дека е многу добро, дека знае сè”, рекла мајката.

Да потсетиме, тројца млади исчезнаа во петокот околу 14 часот. Наводно се сликале покрај реката Надижа, кога нивото на водата наеднаш почнало да расте. Кога водата дошла до нивните глуждови и колена, тие се прегрнале и чекале помош, надевајќи се дека ќе ја совладаат силата на реката.

За жал, спасувачите не успеале да ги извлечат, а младите исчезнале во поројот. Видеото од нивната последна прегратка стана вирално во регионот.

Во меѓувреме, била пронајдена чантата на Патриша, а нејзиниот телефон бил внатре.

Во близина е пронајден автомобил со романски регистарски таблички, а медиумите објавија дека исчезнале млади луѓе од Романија.