НА ПОВИДОК СЕНЗАЦИОНАЛЕН ТРАНСФЕР – Нејмар се враќа во Барселона ?! Познати се и деталите од договорот!

По шест години поминати во ПаризНејмар се враќа во Барселона!

Нејмар летово им стави до знаење на раководството на Пари Сен Жермен дека сака да го напушти клубот и Парижаните очигледно решија да се сретнат со него.

Бразилецот, кој во 2017 година од Барселона се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, се враќа во каталонскиот клуб, пренесува угледниот фудбалски портал Goal.

Нејмар ги договорил личните услови со Барселона. Според тврдењата на споменатиот портал, Бразилецот ќе добие двегодишен договор и неговата годишна плата ќе изнесува 13 милиони евра.

Нејмар пред заминувањето за Париз блесна во дресот на каталонскиот клуб. Тој освои се што можеше да се освои, а одигра 123 натпревари и постигна 68 гола.

Во дресот на ПСЖ, Нејмар освои пет титули во францускиот шампионат, три трофеи во Купот и Суперкупот, два во Лига купот, додека во 2020 година со парижаните стигна до финалето на Лигата на шампионите.