На првата вечер на фестивалот „Ултра Европа“ приведени 92 лица, наплатени 38.000 евра казни

Синоќа започна 10-тото издание на фестивалот за електронска музика „Ултра Европа“ во Сплит. На оваа забава се собраа бројни млади луѓе од Хрватска, регионот и светот. Полицијата приведе 92 лица, главно поради дрога.

Итната помош изјавила дека пожарникарите немаат работа. Брзата помош имала околу 30 интервенции, додека во болницата помош побарале пет странски државјани, објави Вечерњи.хр .

Дубравко Шола, дежурниот лекар во окружниот Институт за итна медицина, рече дека првата ноќ на Ултра, со оглед на жештините и големиот број луѓе, поминала релативно мирно. Имале околу 30 интервенции, од кои четворица пациенти биле префрлени во КБЦ Сплит.

„Пациентите кои ги префрливме во болница беа во алкохолизирана состојба и во бессознание, додека останатите интервенции беа полесни повреди од типот на гребење и алкохолни состојби кои поминаа со мала опсервација“, рече Хини.

Во сплитската болница на пет странски државјани им била укажана помош. Тројца биле во алкохолизирана состојба, а двајца се здобиле со исчашувања и расекотини на нозете, изјави Кристина Битанга.

Началникот на превентивната работа на сплитската полиција Пашка Угрина изјави дека пријавила осум лица за седум кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, од кои еден странски државјанин.

Наплатени се 38.000 евра казни. Пријавени се кражби на ланчиња и билети за Ултра, за што се уапсени двајца странски државјани и еден хрватски државјанин.

На Ultra Europe синоќа настапија Адам Бејер, Афроџек, Алисон Вондерленд, Армин Ван Бурен и многу други. Фестивалот трае до 14 јули.