На родениот брат му родила близанци! Шокантното видео ги ,,запали” социјалните мрежи: Луѓето го навредуваат во коментарите, тој се фали дека е татко (видео)

Откако приказната за брат и сестра кои чекаат близнаци ја вознемири Америка, иако се покажа дека не се работи за инцест туку сурогат мајчинство, видеото од првата средба на таткото и едно од бебињата повторно предизвикува бројни контроверзии и бурни реакции од светската јавност.

Џозеф Рајан Хјуз и Нејтан Хјуз, кои живеат во Колвил, Тексас, се заедно 13 години и станаа родители откако сестрата на Џозеф, Брајана, роди близнаци – момче и девојче. Бидејќи и двајцата се многу активни на Инстаграм, не пропуштија ниту момент да се пофалат пред своите следбеници како „станале татковци“. Сепак, друга ситуација стана вирална на социјалните мрежи – а коментарите не се баш убави.

Имено, во видео кое кружи на социјалната мрежа Х, можеме да го видиме Џозеф како лежи во болнички кревет, додека медицинскиот персонал му го носи бебето и му го става на градите.

Бебето за цело време на видеото не престануваше да плаче и да се тресе, а многу корисници на споменатата социјална мрежа веднаш го осудија и му порачаа дека „бебето треба да биде со мајката што го родила“, иако сурогат мајчинството функционира токму така – жената што раѓа нема повеќе контактни точки со бебето по породувањето.

Во овој случај, сепак, ќе биде малку поинаку со оглед на тоа што сурогат мајката е негова сопствена сестра, што технички значи дека таа е тетка на бебињата што ги родила.

Брајана ги изгубила своите бебиња првиот пат

Инаку, Брајана веќе се обидела да ги роди децата на својот брат врз основа на ембриони, кога носела две девојчиња во стомакот, но, за жал, абортирала по седум недели.

Тоа беше најтешкиот момент во животот за сите нив, но, за среќа, новото оплодување беше успешно, па Џозеф и Нејтан ги пречекаа своите наследници.