На Русија нема да ѝ е добро но ќе настрада уште една светска сила! Детали за ултиматумот на Трамп: Ова е можно сценарио по 50 дена

Откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со „строги царини“ од „околу 100%“ доколку Русија не се согласи на договор за прекин на војната во Украина во рок од 50 дена, Белата куќа издаде појаснување.

Имено, Соединетите Американски Држави размислуваат за воведување високи царини за стоки од земји кои продолжуваат да соработуваат со Русија, предупредувајќи дека таквите мерки би можеле сериозно да влијаат на меѓународната трговија.

Планот на Белата куќа

Според планот што излегува од Белата куќа, сите земји што продолжуваат да тргуваат со Русија – и покрај целосната инвазија на Украина во 2022 година – би можеле да се соочат со таканаречени секундарни тарифи. Ова значи дека американските компании би морале да плаќаат дури и 100% увозни даноци при увоз на стоки од овие земји.

Индија , која продолжи да увезува руска нафта дури и по почетокот на војната, би можела да биде меѓу првите што ќе ги почувствуваат последиците. Доколку се спроведе таква политика, повеќе нема да биде профитабилно за американските компании да купуваат производи од Индија, што би можело да значи губење на милијарди долари приходи за азиската велесила.

Повеќе притисок

Целта на овие санкции е повеќекратна – првенствено да се изврши притисок врз земјите кои не сакаат да ги прекинат трговските врски со Москва, но и директно да се ослаби руската економија. Доколку Русија не е во можност да извезува енергија и да заработува пари на странскиот пазар, ќе има помалку средства за да ја продолжи војната во Украина.

Белата куќа вели дека ваквите мерки би стапиле на сила доколку не се постигне конкретен мировен договор со Русија во рок од 50 дена. Во меѓувреме, многу земји кои преговараат за трговски договори со САД можеби го преиспитуваат својот став, свесни за можните последици.

Генерално се смета дека ваквите секундарни санкции имаат многу посериозно влијание врз руската економија отколку претходно воведените мерки, кои ѝ овозможија на Русија да продолжи да продава нафта на купувачи како Кина и Индија, заработувајќи стотици милијарди долари.