НА САЕМОТ НА АВТОМОБИЛИ СИН НА СРПСКИ БОГАТАШ КУПИ „МАСЕРАТИ“ од 300.000 евра! „Мечките“ одат како алви, а еве што уште се продаде
Најскапиот автомобил продаден на Меѓународниот автомобилски саем. Го купил синот на еден од најбогатите луѓе во Србија.
Синот на српски тајкун го купил најскапиот автомобил изложен на 55. Меѓународен саем на автомобили, кој беше отворен на 21 март во Белград.
Како што се дознава, за „Maserati MC 20“ издвоил 295.200 евра. „ Автомобил вреден речиси 300.000 евра кешираше млад човек чиј татко е еден од најбогатите луѓе во Србија, пред отворањето на Саемот и се очекува наскоро да биде завршена купопродажбата“, вели добро информиран извор.
И други луксузни автомобили веќе ги примија своите клиенти уште пред официјалното отворање на 55-от Меѓународен саем за автомобили. Така, „Мерцедес“ ги продаде сите изложени модели чии цени се движат од 91.000 евра, колку што е цената на „GLC 220 d 4M“, до 262.366 евра, колку што е платена за „Maybach S580 4 M“. По цена од 166.114 евра се продаваше и BMW X 560i. Единствените луксузни автомобили кои се уште не се продадени се Porsche GT 3 RS и Audi RS Q8. Нивната цена е 260.500 и 173.936 евра.
Во понудата на овогодинешниот саем има и автомобили од средната и ниската класа, кои се подостапни за многу поголем број клиенти. Голем е интересот за „Шкода Суперб Ленд К“ која се продава по цена од 52.328 евра, како и за новиот „голф стил 2.0 ТДИ“ кој чини 30.122 евра. „Hyundai Tucson Hybrid“ во комбинирана верзија (батерија плус бензински мотор) чини 37.490 евра.
Титулата Автомобил на годината во Србија 2023 година во изборот на Здружението на автомобилски новинари на Србија (ААНС) годинава ја освоија два автомобила, „Пежо 408“ и „Опел Мока“. Овие два модели имаат хибридна верзија, што е тренд низ цела Европа. Инаку, Peugeot планира до 2028 година да ги замени сите возила со хибриди, а Opel две години подоцна. Европејците, исто така, лани најмногу возеле Peugeot 208, кој беше најпродаван автомобил во Европа.
Меѓу најевтините модели се „Opel Corsa“ чија цена е 17.290 евра и „Dacia Sandero“ кој чини 17.500 евра.
Топ 5 најскапи автомобили
„Maserati MC 20“ 295.200
„Maybach S580 4 M“ 262.366
„Порше ГТ 3РС“ 260.500
„Audi RS Q8“ 173.936
BMW X560i 166.114 (цените се во евра)
Просечни цени на автомобили
„Пежо 408“ 61.750
„Skoda superb land K“ 52.328
„Голф стил 2.0 TDI“ 30.122
„Хјундаи Тусон“ 37.490
„Форд фиеста“ 19.490
„Опел корса“ 17.290