На скопскиот аеродром запленети 22 часовници вредни околу 4.500 евра

Царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција откриле дури 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 272.000 денари (околу 4.500 евра) кои патникот не ги пријавил при влез во државата.

Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо, по што бил упатен на контрола со скенер.

Часовниците се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.