На снимател на агенцијата Анадолу му се убиени четири деца во израелското бомбардирање на Газа

Четири деца и тројца браќа и сестра на снимателот на Анадолија, Мухамед Алалул се убиени во израелски воздушен напад врз Газа доцна во саботата.

Во нападот се повредени сопругата, мајката, таткото и второто дете на Алалул, снимателот на Анадолија.

Куќата на Алалул беше целосно уништена по израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп Ал-Магази во центарот на Газа. Сопругата на Алаул е во тешка состојба и е примена на интензивна нега.

По пристигнувањето на местото на урнатините на неговиот дом, Алалул рече дека е на работа во Кан Јунис и дека откако дознал за нападот на кампот Ал-Магази, претчувствувал дека неговата куќа е погодена.

„Претходниот ден бев со семејството, со моите деца. Ми рекоа да се откажам од работата и да поминувам повеќе време со нив. Еден дури ми рече да го однесам на работа за да бидеме заедно“, изјави Алаул.

Тој рече дека неговите деца биле убиени додека спиеле.

Ова беше бегалски камп, децата ги убиваа додека спиеја, моите деца. Израел бомбардира сè, сè по ред“, изјавил камерманот Алаул.