На спектаклот во Саудиска Арабија, Роналдо го ,,доби” својот другар Бензема: Седум гола, пенали, црвени картони, сè

Фудбалерите на Ал Наср од Ријад ја продолжија потерата по Ал Хилал во Саудиска Арабија, откако денеска го совладаа Ал Итихад во натпреварот од 18. коло на шампионатот во спектакл на кој беа забележани дури седум гола – 2:5 (1 :2).

И не само тоа, видовме пенали, црвени картони, судир меѓу Кристијано Роналдо и Карим Бензема. Навистина ми беше задоволство да се гледа овој дуел кој беше напнат од самиот почеток.

Веќе во 14. минута Хамдала на асистенција на Бенезема, му донесе изненадувачка предност на Ал Итихад, која Роналдо ја анулираше од белата точка во 19. минута.

Подавањето на Талиска од Телес потоа донесе пресврт на гостите во 38. минута, а Хамдала повторно успеа да ги шокира Роналдо и соиграчите. Но црвениот картон на Фабињо во 67. минута го реши натпреварот, бидејќи гостите повторно добија крилја.

После тоа, Роналдо повторно погоди од пенал за водство на Ал Наср, а Мане во 76. и 82. минута постигна уште два гола за да стави крај на сите настани и со тоа да ја официјализира ,,петардата.”