На тајната венчавка пристигнаа двајца специјални гости: Вељко ги прегрна, па објави фотографија со која Цеца ќе се гордее (фото)

Во вилата на Ражнатовиќ на Дедиње, на граѓанската венчавка на младата пејачка Анастасија, пристигнаа нејзините баба и дедо – родителите на познататавмузичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Баба Мира и дедо Слободан беа специјално дотерани за оваа пригода, иако во домот владееше опуштена атмосфера.

Мајката на Цец играше на сигурно, се одлучи за црна комбинација, додека нејзиниот татко носеше крем костум, морнарска кошула и вратоврска.

Нивниот внук Вељко Ражнатовиќ сподели фотографија на која позираат заедно, а во позадина гледаме музичари, но и снимател кој го снима целиот настан.

Инаку, Анастасија Ражнатовиќ не носешњ венчаница, туку елегантен, тесен фустан во боја на шампањ, додека нејзиниот сопруг се одлучи за едноставна бела кошула со кратки ракави и црни панталони.