Во рамки на засилената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, синоќа на територија на СВР Битола беа санкционирани 51 возач, од кои 26 во Прилеп, 10 во Битола, 5 во Македонски Брод, 4 во Ресен, по 3 во Крушево и Демир Хисар.
Како што информираат од МВР, за време на контролата биле изречени и 49 други прекршоци.
-Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, се вели во соопштението на МВР.