На тинејџерката ѝ останаа уште неколку месеци живот, а нејзината последна желба ќе ви го скрши срцето: Еве што го замоли на познатиот пејач! (фото)

Еден Луис (17) е тинејџерка која боледува од агресивен облик на рак на коските. Имено, лекарите предвидуваат дека на ова девојче ѝ остануваат уште неколку месеци живот, а нејзината мајка на секој можен начин дава сè од себе за да ѝ ги разубави последните денови на нејзината ќерка.

На почетокот на јуни 2022 година, лекарите го контактирале семејството Луис и ги информирале дека ракот почнл агресивно да се шири. За жал, по специјалистички преглед беше потврдена најлошата вест – на Еден не  ѝ остана многу време.

„Мислевме дека болките што се појавија за време на короната се резултат на прекумерен одмор на Еден, бидејќи таа не беше активна како и обично. По прегледот и конечната дијагноза, не остана многу за мене како мајка“, изјави Теса Луис за „Дејли рекорд“ минатата година.

Еден, колку што можеше, одеше на училиште на часови и беше со другарките, но бидејќи беше слаба и не можеше да се движи, нејзината мајка организираше матура за нејзината ќерка  ѝ ги замоли соучениците и пријателите да  ѝ помогнат.

Еден неодамна на Фејсбук објави дека ќе присуствува на концертот на британската музичка ѕвезда Хари Стајлс во Кардиф на 21 јуни и побара од него да  ѝ исполни желба. Хари Стајлс моментално е на турнеја со неговиот последен албум „Harry’s House“.

„Прв и последен бакнеж. Имам 17 години и сум болна од рак. Ова би бил мојот прв бакнеж, а можеби и последна прегратка. Те молам подари ми го ова. Твојот посветен обожавател е на умирање“, напиша Еден.

Набргу откако таа го објави на Фејсбук, фановите направија сè за Хари да ја види пораката, но тој сè уште не одговорил.

Остеосаркомот, најчестиот рак на коските, обично се јавува кај деца и луѓе на возраст меѓу 10 и 30 години и најчесто започнува во рацете, нозете или карлицата.

Јуинг-овиот сарком е исто така почест кај децата и младите возрасни. Најчесто започнува во рацете, градите, нозете, карлицата и ‘рбетот.

Луѓето на возраст над 40 години имаат поголема веројатност да имаат хондросарком – обично во рацете, нозете или карлицата. Раковите како леукемијата кои започнуваат во сржта (ткивото на некои коски) не се сметаат за рак на коските.