НА ТРИБИНИТЕ ЗАВЛАДЕА АПСОЛУТЕН МОЛК – Драматични сцени од Мајами: Младата тенисерка колабираше на теренот – таа беше изнесена во инвалидска количка (видео)

Драматични сцени се забележани на турнирот во Мајами кога канадската тенисерка Бјанка Андреску (22 г.) колабираше на теренот!

По укажаната докторска помош таа го напушти теренот во инвалидска количка, додека многумина со неверување и страв ги следеа случувањата од трибините.

Таа беше принудена да и го предаде натпреварот на Русинката Екатерина Александрова при негатива од 2-0 во вториот сет, кога „стенкаше“ од болка и падна на теренот.

Докторите и констатираа повреда на левиот скочен зглоб и беше невозможно за неа да се продолжи натпреварот.