Лидерот на кениската секта Пол Мекензи, кој е обвинет дека им рекол на следбениците да умрат од глад за да го видат Исус, се појави денеска на суд откако иследниците откопаа 101 тело во шума во оваа источноафриканска земја.
Кениските власти велат дека починатите биле членови на Меѓународната црква на добрата вест предводена од Мекензи (50), која предвидела дека крајот на светот ќе дојде на 15 април, па им наредил на своите следбеници да се убијат за да бидат првите што ќе влезат во рајот.
Бројот на загинати во моментов е 109, од кои 101 тело, главно деца, се откриени во масовни гробници, додека осум жртви починале подоцна, но кениските власти предупредуваат дека бројот на жртвите може да биде уште поголем, објави Ројтерс.
МВР соопшти дека повеќе од 400 лица се водат како исчезнати.
Мекензи, кој е во притвор, не ги коментираше обвиненијата против него, ниту пак беше побарано да се изјасни за обвинението. Адвокатите кои го застапуваа одбија да коментираат, а истражител вклучен во случајот изјави за Ројтерс дека Мекензи негирал да им нареди на следбениците да гладуваат.