На Јокиќ му досудија фаул во првата секунда од натпреварот! Урнебесна сцена од НБА го обиколи светот – ова е неверојатно! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер против Јута го играат претпоследниот натпревар во сезоната.

Кога станува збор за Западната конференција, Денвер веќе го обезбеди првото место, додека Јута ги загуби сите шанси за пласман во плеј-офот.

Српскиот центар Никола Јокиќ поради повреда на потколеницата не играше на последните неколку натпревари на Нагетс.

Настапот на Јокиќ вечерва беше под знак прашалник, сепак Мајк Мелоун реши на паркетот да го испрати актуелниот МVP на НБА.

На самиот почеток од мечот беа видени неверојатни сцени, а во центарот на вниманието беше српскиот ас Никола Јокиќ.

Имено, при додавање на топката, српскиот кошаркар беше фаулиран, а ситуацијата погледнете ја во приложеното видео: