На 107-годишна жена ѝ израсна рог од 10 сантиметри на средината на челото: Мештаните тврдат дека долговечноста ја должи на тој израсток (видео)
Лекарите го дијагностицирале нејзиниот раст како рог на кожата, тип на оток често поврзан со прекумерно изложување на сонце.
Локалните жители го нарекоа растот на Чена долг десет сантиметри „рог на долговечноста“, поради што се убедени дека оваа жена доживеала толку длабока старост, добро здравје и сѐ уште силен апетит.
Лекарите го дијагностицирале нејзиниот раст како рог на кожата, тип на оток често поврзан со прекумерно изложување на сонце.
Иако овие појави се генерално бенигни, експертите советуваат внимателно да се следи нивниот развој, бидејќи постои мал ризик да станат канцерогени.
Меѓутоа, необичната состојба на Чен не влијаела многу на нејзиниот секојдневен живот. Освен неочекуваната слава, која одеднаш се прошири надвор од нејзината локална заедница откако беше објавено видео на „Дуиин“, кинеската верзија на TikTok.
Нејзиниот изглед предизвика бурни реакции, но и многу коментари.
– Може да се пријави за Гинисовата книга на рекорди – забележа еден корисник, а друг додаде: – Посакувам сите да живеат толку долго.
Во меѓувреме се огласи уште еден корисник со слично искуство на неговата баба, што само придонесе за ширење на легендата за долговечноста благодарение на неочекуваниот раст.
– Баба ми имаше израсток на главата. Отишла во болница да и’ го отстранат, но починала два дена откако се вратила – рекол тој.