На 43 години манекенката по вторпат стана мајка! Таа сподели емотивна фотографија и порача: Никогаш не е доцна да станеш мајка! (фото)
Наоми Кембел роди машко бебе. Супермоделот (53) ја објави веста на Инстаграм во четвртокот, велејќи дека „никогаш не е доцна да се биде мајка“ по раѓањето на нејзиното второ дете.
Таа сподели фотографија од новороденчето, на која може да се види Наоми како го лулка момчето додека нејзината двегодишна ќерка го држи за рака.
-Мило мое, знај дека си неизмерно ценет и опкружен со љубов од моментот кога нè почести со твоето присуство – напиша Наоми со фотографија од новороденчето.
– Вистински дар од Бога, благословен да си! Добредојде момче. Никогаш не е доцна да станеш мајка – додаде таа на објаватаа.