На 65 години има многу малку брчки, додека младешкиот изглед на Шерон Стоун се должи на храната

Шерон Стоун е запаметена по многу улоги, особено по онаа во Основен инстинкт, каде што почнаа да и се восхитуваат многу мажи.

Денес, на 65-годишна возраст, актерката паѓа во очи каде и да се појави. За црвениот тепих и големите настани, таа секогаш избира смели тоалети кои ѝ пркосат на возраста и кои совршено и прилегаат.

Така се поставува прашањето: Каде се крие тајната?

Тајната на нејзиниот младешки изглед лежи во исхраната и редовната физичка активност. Денот започнува со необична комбинација на намирници а основата на нејзиниот појадок е верувале или не лубеницата.

„Мојот омилен појадок е лубеница со кришки, нане и маслиново масло, сол и бибер. Исто така, сакам да јадам тост без глутен и да пијам билен чај“, сподели Шерон во минатото.

А кои се придобивките од лубеницата

Студијата спроведена во Флорида покажа дека лубеницата го намалува високиот крвен притисок кај луѓето со прекумерна тежина, дури и кога се изложени на студено време, и може да го намали ризикот од срцев удар. Превенцијата е и за разни болести.