На 95 години магистрирал, планира и докторат: Го напуштил училиштето, па се вратил, а зад сè ce крие тажна приказна
Пред неколку дена пензионерот Дејвид Мерџот (95) од Англија магистрирал на лондонскиот колеџ Кингстон. Магистрирал по модерна европска филозофија и станал најстариот магистер на овој факултет, надминувајќи го 93-годишникот кој дипломирал во 1994 година.
„Ова беше напорна работа. Моето помнење не е исто како порано, но имав среќа што имав професори од светска класа. Беше многу позитивно искуство. Мислам дека е важно секогаш да се предизвикувате себеси дури и додека стареете. “, рече Дејвид, според Мирор.
Студиите ги започнал на Лондонскиот колеџ во 1952 година, но по повеќе од 70 години се вратил да го прошири своето знаење.
Но, зад сè се крие една тажна приказна. Мериот призна дека посетувал колеџ за да го окупира неговиот ум по смртта на неговата 65-годишна сопруга.
„Знаев дека сум ограничен со времето. Студентите беа многу добри со мене, чест е да се биде дел од еден ваков одличен факултет“, додаде тој.
Стела Сендфорд, една од професорките на факултетот, има само пофални зборови за најстариот студент.
,,Дејвид дојде овде и донесе богато знаење и искуство на различни дискусии. Беше неверојатен и придонесе многу со своето знаење на предавањата“, рече таа.
Пензионерот сега размислува за докторат кој треба да го заврши до 102та година.