На Eвропско не одигра ниту една минута: Го прекина одморот со девојката, татко му шест часа залудно возел носејќи ги копачките
Иан Маатсен го прекина својот луксузен одмор во Грција кога подоцна беше поканет од Роналд Куман да се приклучи на холандската репрезентација, но на крајот не одигра ниту една минута на ЕП и не успеа да се прослави.
Левиот бек летуваше на островот Миконос со својата девојка Емели Туиндер, поминувајќи време и опуштајќи се на јахта од 500.000 фунти, кога доби повик да го замени повредениот Теун Купмајнерс.
Маатсен ја прифатил поканата, дури и татко му возел шест часа до Германија за да му донесе чизми и потребната опрема, но тоа било залудно.
Ian Maatsen was on holiday in Mykonos when he received a last-minute call up for the Netherlands’ Euros squad.
— ESPN FC (@ESPNFC) July 11, 2024
His father drove six hours to Germany to bring him his boots and other items in time for training.
He didn’t play a minute during the tournament.
(📸: maatsen_/IG) pic.twitter.com/y0tFjesnxU
Младиот 22-годишен фудбалер не доби шанса за настап и не одигра ниту една минута на ЕП, а неславно го заврши настапот на Еврото каде Холандија се пласираше во полуфиналето.
Инаку, Маатсен одигра извонредна полусезона во Борусија Дортмунд откако пристигна на позајмица од Чеслеј. На 23 натпревари постигна пет гола во сите натпреварувања, а во новата сезона ќе настапува за Астон Вила во која се пресели за 44 милиони евра.