НБА ѕвездата во мега скандал! И понудил огромни пари на старлета, но под услов да абортира – таа ја објави шокантната преписка!

Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, се најде во центарот на огромен скандал откако и’ понуди на својата поранешна девојка голема сума од пари за да ја натера да абортира.

Тој беше во емотивна врска со старлетата Пејџ Џорди, која сега одлучила јавно да ги објави пораките што ги добивала од кошаркарот.

Имено, Ентони со сите сили се обидел да ја убеди Пејџ да абортира, тој дури и’ понудил 100.000 долари за тоа.

– Ќе ти испратам пари за да ти помогнам – напишал Едвардс во пораката, за да го добие следниот одговор:

– Не барав ништо од тебе, но добро. Не сакаш дете и затоа го кажуваш сето ова?

– Не сакам деца, ајде да го решиме како возрасни – додаде кошаркарот.

После тоа, Пејџ објави слика со која потврди дека 100.000 долари сè уште не биле депонирани на нејзината сметка.