НБА ѕвездите скршени поради смртта на Милојевиќ: Клеј Томпсон ги брише солзите со марамче, Грин едвај се воздржува да не „пукне“ (ВИДЕО)
Дејан Милојевиќ беше фаворит во Голден Стејт. Како член на стручниот штаб на Вориорс, тој беше вреден работник и сакаше да се шегува со своите колеги и играчи.
Голема болка остана по ненадејната смрт на Милојевиќ на 47-годишна возраст и сеќавањето кое никој не може да го избрише.
Како смртта на Дејан ги потресе сите во клубот можеби најдобро опишуваат сцените пред натпреварот помеѓу Голден Стејт и Атланта.
Еден од најдобрите шутери во светот, Клеј Томпсон, си ги бришеше солзите со марамче, а еден од најголемите играчи во НБА, Дрејмонд Грин, беше во болка, скршен од загубата на тренерот од кој учеше и добиваше совети за играчите на центарските позиции секој ден.
Голен Стејт ја победи Атланта со резултат 134:112 на збогувањето со својот „брат“ од Србија.