Неверојатен настан во Тузла: Слобода ги отпушти сите играчи и тренерот

Тузла Слобода реши да се раздели со сите првотимци и тренерот Златан Налиќ.

Слобода е последна на табелата во Премиер лигата на Босна и Херцеговина со само два освоени бода.

Претседателот Азмир Хусиќ оваа одлука ја донесе на крајот од првиот дел од сезоната.

„Вчера беше еден од најтешките денови за мене бидејќи морав да им кажам на играчите на Слобода дека повеќе не се дел од клубот. Вчера ги отпуштивме сите играчи, а претходно имав средба со тренерот Налиќ и нашата соработка Досега приближно седум играчи дојдоа и потпишаа раскинувања, а очекувам и другите да го сторат тоа во наредните денови“, рече Хусиќ.

Хусиќ истакнува дека сметката на клубот сè уште е блокирана, но смета дека Слобода може да се подобри во преостанатиот дел од сезоната.

Мислам дека сигурно можеме да направиме подобар тим од оној што зеде два бода, ако ги собереме од Тузланскиот кантон, односно од Првата лига на ФБиХ“, истакна Хусиќ.

Слобода е основана во 1919 година, а најголемите успеси во историјата се освојувањето на Купот Интертото во 1983 година и Купот на Југославија во 1971 година.