Неверојатната судбина на жена од Индија: Доцнела 10 минути на кобниот лет, ја вратиле од влезот

Буми Чаухан, патничка која требало да се качи на летот AI-171 на Ер Индија од Ахмедабад до Лондон, избегнала трагедија бидејќи доцнела само десет минути со авионот.

Имено, таа го пропуштила летот за само десет минути поради сообраќајниот метеж на патот до аеродромот, со што ја избегнала несреќата во која загинале речиси сите 242 патници. Таа била во Индија на одмор, додека нејзиниот сопруг останал во Лондон.

Летот AI-171 на „Ер Индија“ требало да полета од Ахмедабад, во индиската држава Гуџарат, кон аеродромот „Гетвик“ во Лондон. Во четврток наутро, Чаухан се упатила кон аеродромот „Сардар Валабхаи“ со намера да се качи на летот, но поради сообраќаен метеж, доцна стигнала до портата за качување и не ѝ било дозволено да се качи.

Чаухан рече дека „умот ѝ се вкочанил“ откако дознала за инцидентот. Таа додаде дека сè уште не може да поверува дека за влакно избегнала смрт.

Боингот 787 Дримлајнер се урна само неколку минути по полетувањето во населениот дел од градот Мегани, а снимките од безбедносните камери покажуваат дека авионот ја губи контролата.

Првичните извештаи наведуваа дека сите патници загинале, но подоцна беше потврдено дека еден патник преживеал. Вишваш Кумар Рамеш е единственото лице кое ја преживеало оваа ужасна несреќа. Види Чаудари, висок полициски службеник во Ахмедабад, рече дека Рамеш бил на седиштето 11А, веднаш до излезот за итни случаи, и „успеал да избега скокајќи низ вратата за итни случаи“.