Неверојатна сцена! Цел Балкан зборува за нив две – хероите на сицијалните мрежи: Девојките се спуштија во провалија, бунар длабок 8 метри, за да го спасат кучето (ФОТО)

Две девојчиња од Белград – Јелена и Маја, станаа херои на социјалните мрежи откако се симнаа во бездната, во бунар длабок повеќе од осум метри за да спасат куче кое се нашло на дното.

,,Многу сум горд на овие херои. Србија има со што да се гордее ако само ги погледнете вистинските луѓе. Браво за девојките. Пишувајте за добри луѓе за да се зголеми добрината”, гласи описот на само една од објавите кои од вчера континуирано се коментираат со опширни прегледи на фотографии на кои се гледа тесниот и длабок бунар во кој влегле да го спасат кучето.

Коментарите постојано се редат, а еден од нив беше овој: Благословени да се мајките што ве родиле“.

Нивната неверојатна храброст беше пофалена во стотици коментари на Фејсбук.