НЕВЕРОЈАТНО – За само 20 секунди можете да го зајакнете вашиот имунитет! Познат експерт открива: “Правете го ова секоја вечер, многумина се откажуваат, бидете упорни!“
Според еден познат руски доктор, имунитетот можете да го зајакнете за само 20 секунди!
Познато е дека Русите имаат силен имунитет, а експертите наведуваат дека нивниот начин на живот е виновен за тоа. Ако сте често болни и знаете дека се храните здраво, постои метод кој може да ви помогне да го зајакнете имунитетот. Го практикуваат и познатите луѓе, особено затоа што нивните тела тешко поднесуваат бројни турнеи, недостаток на сон и брзо темпо на живот. Сепак, има еден улов – малкумина можат да го издржат ова.
Дали можете да останете во ледена вода барем 20 секунди ? Се верува дека ледената вода ја поттикнува циркулацијата и позитивно влијае на зајакнување на имунитетот. Сепак, ретко кој ќе биде доволно храбар да го проба овој предизвик. Токму поради ова рускиот доктор Сергеј Бубновски смислил многу поедноставна и воедно корисна техника за здравјето на целиот организам.
Се што треба да направите е да ги спуштите стапалата во леген што претходно целосно сте го наполниле со ладна или ледена вода, на висина од 10 до 15 сантиметри. Важно е никогаш да не додавате топла вода и да се трудите да издржите што е можно повеќе време. Потоа, влезете во кадата боси и потчукнете ги нозете во ледената вода. Ова треба да го правите 20 секунди, а не повеќе од половина минута. Кога ќе излезете од бањата, избришете ги стапалата со груба крпа и облечете волнени чорапи.
Доколку оваа навика се повторува секоја вечер, може исклучително позитивно да влијае на здравјето на целиот организам и јакнење на имунитетот, тврди докторот.
Иако овој „третман“ изгледа невозможен, докторот посочува дека никогаш не треба да се откажувате, дури и кога ќе настинете, бидејќи токму тоа е начинот на кој телото се бори и го зајакнува имунитетот.