Неверојатно! Научниците можат да ги предвидат првите зборови што ќе ги каже бебето! Еве како

Најновото научно истражување докажа дека првите зборови на бебето се одредуваат според она што бебето го гледа во својата околина

Научните откритија за првите зборови што ги изговара бебето дополнително го објаснија развојот и учењето на говорот кај децата.

Повеќето родители ги слушаат првите зборови на своето бебе неколку месеци пред нивниот прв роденден. И додека првите зборови често се „мама“ и „тато“ или слатки верзии на тие зборови, што е со остатокот од речникот на бебето?

Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Индијана, родителите можат да го предвидат раниот вокабулар на детето со набљудување на она што бебето го гледа во неговиот секојдневен живот.

Со други зборови, бебињата почесто учат зборови кои се однесуваат на предмети кои често се наоѓаат во нивното видно поле.

Истражувањето тврди дека визуелната меморија може да биде клучот за учење зборови. Така, на пример, детето прво ќе ги именува предметите што постојано ги гледа, како маса, маица, шише или лажица.

Кога детето јаде, тоа е опкружено со разни предмети, па имињата на тие предмети често се меѓу првите зборови што детето ги учи.

Затоа, научниците заклучиле дека визуелното искуство е исклучително важно во учењето нови зборови. И покрај конвенционалната мудрост, првите зборови имаат помалку врска со она што детето често го слуша отколку со она што детето често го гледа,  пишува Атлантик .