НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО – Александра Пријовиќ ги руши сите рекорди: Најбараната музичка ѕвезда на Балканот го закажа својот петти концерт во Загреб

Српската пејачка Александра Пријовиќ, успеа да распродаде четири концерти во Арена Загреб, па концертите на годината ќе се одржат на 1., 2., 3. и 4. декември.

Загреб, не можев да замислам дека ќе најавам четврти концерт. Ви благодарам на љубовта, ќе ви се оддолжам со целото мое срце“, напиша популарната пејачка на социјалната мрежа Инстаграм пред да биде распродаден четвртиот концерт, а се чини дека го одрже ветувањето што веќе почна да се исполнува низ регионот.

Имено, на денешната средба со новинарите, Александра Пријовиќ на публиката и подари билети за концертот со кој го најави петтиот концерт во Загреб! Петтиот концерт ќе се одржи на 6. декември, а со овој потег Александра Пријовиќ ќе ги собори сите досегашни рекорди кога е Арена Загреб во прашање.