НЕВЕРОЈАТНО – Цела зима слушале чудни звуци од подрумот, а никој од соседите не им верувал! Она што го пронајделе таму ги оставило сите шокирани и исплашени…
Семејство од Калифорнија ја поминало зимата со чудни звуци слични на силно ‘рчење кои доаѓале од просторот под куќата. На крајот, семејството открило дека петте мечки го поминале зимскиот сон таму, односно студената сезона, живеејќи под нивната куќа, пишува USA Today.
Bear League, група која работи на зачувување на живеалиштето на мечките и помагање на мечките кои се во неволја во регионот на езерото Тахо, ја раскажа запрепастувачката приказна на семејството од претходниот месец.
Во објава на социјалната мрежа Фејсбук напишаа дека мајка мечка, заедно со трите младенчиња, одлучиле да презимат во подрум под една куќа, пишува медиумит.
„Тоа беше куќа во која живееја луѓе и мислеа дека слушаат некои чудни звуци како ‘рчење, но го игнорираа тоа бидејќи ништо не им било логично, додека соседите мислеле дека тие само си замислуваат затоа што никој освен нив не слушнал ништо“, се вели во објавата на социјалната мрежа Фејсбук, каде што пишувало и ова:
„Семејството мечки се разбудило и се подготвило за излегување, а луѓето во куќата сфатиле дека ништо не и значи ‘рчењето, бидејќи незнаеле дека пет мечки биле напикани под нивната семејна куќа“.
Семејството веднаш го повикало тимот на Bear League, кој помогнал безбедно да се внесат мечките во шумата и да се осигура дека семејството во куќата исто така нема да биде повредено за време на „операцијата“ на напуштање на нивниот дом во хибернација.