Невестата уапсена во венчаница, младоженецот избегал: Драма на свадба во Мексико, младоженците рекетирале и киднапирале луѓе (ФОТО)
Во мексиканскиот град Вила Гереро, невестата беше уапсена на денот на нејзината венчавка поради изнуда и киднапирање.
Британскиот „Скај њуз“ јавува дека била фотографирана во венчаница со лисици, а полицијата ја уапсила кога излегла од автомобилот и почнала да влегува во црквата во која требало да се одржи венчавката.
Таа беше идентификувана како Ненси Н, а младоженецот, кој беше именуван како Клементе Н ака Ел Ратон (глувчето) кој се бараше за истите обвиненија, успеа да и’ побегне на полицијата.
Тие двајца и нивните соработници беа обвинети дека изнудувале пари од трговци со пилешко во Толука, во близина на Мексико Сити.
Исто така, постои сомнеж дека киднапирале четворица работници од локална месарница.
Мексиканското обвинителство на социјалните мрежи објави фотографии од осомничените за време на приведувањето.
Оваа криминална група наводно е поврзана со картелот La Familia Mochoazan, а полицијата ја продолжува истрагата.